Ирачкиот шиитски поглавар, ајатолахот Али ал-Систани, предупреди за можноста од граѓанска војна во земјата. Ваквото предупредување доаѓа ден по насилството за време на кое безбедносните сили убија 40 лица во Багдад и јужните провинции и ги повика пратениците да размислат за поддршка на Владата.
И покрај вчерашното крвопролевање, безбедносните сили денеска убиле уште тројца демонстранти, а раниле осуммина, кои користеле борбена муниција во јужниот град Насирија.
На проповедта во градот Наџаф, Ал-Систани рече дека парламентот, кој ја избра владата на премиерот Адил Абдул-Махди, треба да ги разгледа опциите што му се на располагање.
Ал-Систани рече дека безбедносните сили треба да направат разлика помеѓу оние што мирно протестираат и оние што се обидуваат да предизвикаат насилство, откако зградата на ирачкиот конзулат во Наџаф беше запалена.