Свет 13. април 2020. / 13:42

Шестмина повредени во пукање на забава во Калифорнија

Шестмина повредени во пукање на забава во Калифорнија

Полицијата во Калифорнија соопшти дека шест луѓе биле повредени со огнено оружје на голема забава со 400 луѓе, одржана и покрај наредбата да се седи дома.

Пукањето се случило во станбен блок во Бејкерсфилд.

Повредените, четири жени, еден маж и една девојка, биле примени во болница со повреди опасни по живот.

По нападот нема уапсени, но осомничени се четворица мажи кои се забележани по пукањето како бегаат со автомобил.