Свет 31. октомври 2019. / 13:52

Шест затвореници загинаа во судир помеѓу ривалски групи

Шест затвореници загинаа во судир помеѓу ривалски групи

Шестмина осуденици се убиени во судир на ривалски групи во затвор во централната мексиканска држава Морелос.

Меѓу нив има и поранешен водач на криминална банда осомничен за 43 исчезнати студенти во 2014 година.

Двајца осуденици се повредени во судирот и со хеликоптер биле пренесени во најблиската болница.

Властите соопштија дека во затворот се упатени припадници на полицијата, армијата и Националната гарда со цел целосно воспоставување контрола.

Меѓу убиените е и Рејмундо Исидро, поранешен лидер на криминалната банда „Герерос унидос“ во Морелос.