Свет 12. септември 2018. / 15:48

Шест мртви и 42 повредени во самоубиствен напад во Ирак

Шест мртви и 42 повредени во самоубиствен напад во Ирак

Најмалку шест лица загинаа, а 42 беа повредени во самоубиствен напад со автомобил-бомба која експлодира во ресторан на автопатот во близина на градот Тикрит, град во Ирак, според полициски и медицински извори

Целта на нападот беше ресторанот Кала, кој често го посетуваат припадници на безбедносните сили и паравоените единици, соопшти полицијата.

Поголемиот дел од жртвите се група ирачки туристи кои патувале со автобус што застанал кај ресторанот.

Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, но милитантите на т.н. Исламска држава честопати изведуваат вакви напади.