Свет 25. јули 2020. / 21:52

Шега или не: Дутерте ги советува граѓаните маските да ги дезинфицираат со бензин

Шега или не: Дутерте ги советува граѓаните маските да ги дезинфицираат со бензин

Здравствената служба на Филипините брзо го поправи претседателот Родриго Дутерте, кој ги советуваше граѓаните да ги дезинфицираат заштитните маски со бензин.

Дутерте предложил високо-запалива течност како замена за средство за дезинфекција, пренесува „Фокс њуз“.

На крајот на денот, кога ќе ја закачите маската некаде, испрскајте ја со средство за дезинфекција ако можете да си го дозволите. Другите може да ја натопат маската во бензин или дизел гориво бидејќи така Ковидот ќе нема никакви шанси – изјави Дутерте.

Сепак, заменик секретарката на здравствениот сектор на Филипините, Марија Розарио Вергеира, напомена дека претседателот се шегувал и дека граѓаните не треба да го сфаќаат неговиот совет сериозно.

Вие знаете како изгледаат обраќањата на нацијата на нашиот претседател. Ова е веројатно една од неговите шеги, особено онаа за бензинот – изјави Вергеира на прес-конференција.