Свет 24. октомври 2019. / 13:20

Шефот на тајната служба на Шри Ланка обвинет дека е одговорен за бомбашкиот напад со 269 жртви

Шефот на тајната служба на Шри Ланка обвинет дека е одговорен за бомбашкиот напад со 269 жртви

Парламентарната комисија на Шри Ланка заклучи дека шефот на државната разузнавачка служба Ниланта Јајавардена  е одговорен за грешки при работата, што доведоа до смрт на 269 лица.

Во извештајот на Комисијата се посочува дека Јајавардена добил известување за можни напади уште на 4 април, 17 дена пред нападот на бомбашот-самоубиец, но не ги споделил тие информации со други агенции. Тој речиси една година претходно побарал од властите да покренат истрага против организаторот на нападот Мохамед Захран.

Во серија експлозии во април на Шри Ланка загинаа најмалку 158 лица, меѓу кои 35 странци. Експлозиите се случија во цркви, каде верниците се собираа по повод Велигден, како и во луксузни хотели во главниот град и околината.