Свет 21. април 2020. / 11:59

Шефот на СЗО: Најлошото во врска со пандемијата допрва претстои

Шефот на СЗО: Најлошото во врска со пандемијата допрва претстои

Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, предупреди дека најлошото во врска со пандемијата на корона вирусот допрва доаѓа. Ова предупредување на првиот човек на организацијата доаѓа во време кога голем број земји низ целиот свет почнаа да ги олеснуваат ограничувањата наметнати поради пандемијата.

Гебрејсус не прецизира зошто верува во влошување на пандемијата од која се заразени речиси 2,5 милиони луѓе ширум светот и починаа повеќе од 166.000 луѓе. Сепак, од СЗО веќе укажуваа на можно идно ширење на заразата во Африка, каде што здравствените системи се помалку развиени.

Шефот на СЗО потсети дека пред еден век, шпанскиот грип ги однел животите на 100 милиони луѓе ширум светот.

Сега ја имаме технологијата, можеме да избегнеме таква катастрофа, можеме да спречиме таков вид криза. Сепак, верувајте ми, најлошото е се уште пред нас. Мора да ја спречиме оваа трагедија. Тоа е вирус што многу луѓе се уште не го разбираат – изјави Гебрејсус.