Свет 14. мај 2018. / 15:22

Шефот на МИ5 ја обвини Русија за ширење дезинформации и лаги

Шефот на МИ5 ја обвини Русија за ширење дезинформации и лаги

Шефот на британската разузнавачка агенција МИ5, Ендру Паркер денеска ја обвини Русија дека се обидува ги поткопа западните демократии со ширење на дезинформации и лаги. Во неговото прво обраќање во Берлин како шеф на агенцијата, тој порача дека Британија не сака ескалација на односите со Русија, но како што наведе, не се прифатливи неодамнешните агресивни и штетни дејствија на земјата.

Тој го обвинува Кремљ за „нарушување на меѓународните правила“ наведувајќи го нападот врз таткото и ќерката Скрипал како пример за малициозни дејствија на Русија, кои ризикуваат да ја претворат земјата во „изолиран отпадник“. Според него, наместо Русија да стане почитувана голема нација, ризикува да биде изолирана.

Паркер смета дека Велика Британија и Европската унија треба да изградат тесно партнерство во безбедноста по Брегзит, за да спречат напади на екстремистите од Исламска држава и злонамерни обиди на Русија да ги поткопа западните демократии.