Свет 07. октомври 2018. / 22:43

Шеф на криминално подземје ранет во Париз

Шеф на криминално подземје ранет во Париз

Една крупна фигура на француското подземје и уште еден човек, тешко се ранети во пукотници на Елисејските полиња во Париз. Познат по повеќе кражби, Софијан Х. погоден е со неколку куршуми додека возел друг човек кој исто така тешко е ранет, и двајцата се пренесени во болница, но не е извесно дали ќе преживеат.

АФП неофицијално дознава дека полицијата претпоставува дека вооружениот напад утрово се случило поради неизрамнети сметки.

Софијан Х. кој има четириесетина години, осомничен е за низа оружени грабежи и грабеж на оклопни возила за превоз на пари пред дваесет години, како и за организирање на спектакуларно бегство на еден осуденик од затвор пред 15 години.