Свет 12. јануари 2021. / 11:44

Шаманот со рогови одбива да јаде во затвор додека не му дадат органска храна

Шаманот со рогови одбива да јаде во затвор додека не му дадат органска храна

Мајката на бунтовникот без кошула кој упадна во американскиот Капитол со рогови и крзно рече дека нејзиниот син не јадел откако е приведен затоа што не му била дадена органска храна во затворот, пишува Newsweek.

Џејк Анџели од Аризона, чие вистинско име е Џејкоб Ентони Ченсли, се појави пред судот во Феникс во понеделникот откако во саботата се предаде на ФБИ.

Ченсли беше меѓу толпата приврзаници на претседателот Доналд Трамп, кој минатата среда упадна во зградата на Капитол, додека пратениците се собираа да ја потврдат победата на новоизбраниот претседател eо Бајден.

Во нападот загинаа пет лица, меѓу кои и еден полицаец во Капитол.

Гералд Вилијамс, адвокатот на Ченсли, пред судот изјави дека неговиот клиент од религиозни или здравствени причини одбил да јаде во притвор.

Надвор од судот, Марта Ченсли, мајката на осомничениот, им објасни на новинарите дека може да се разболи ако не јаде органска храна.

„Тој мора да јаде. Јас навистина треба да разговарам со мојот син“, рече таа.

Судијката Дебора Фајн му нареди на Вилијамс да го реши проблемот со исхраната со канцеларијата на американскиот маршал.

Г-дин Ченсли мора да јаде“, рече таа.

Ченсли беше уапсен во саботата и беше обвинет за насилно влегување во заштитена зграда и дивјачко однесување на територијата на Капитол. Во немирите, тој стана препознатлива фигура откако беше фотографиран без кошула, покриен со тетоважи, со рогови на главата и лице насликано во боите на американското знаме.