Свет 02. јануари 2020. / 09:49

Севернокорејската најава нови нуклеарни и ракетни тестови ги загрижи ОН

Севернокорејската најава нови нуклеарни и ракетни тестови ги загрижи ОН

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш изразил длабока загриженост поради тоа што Северна Кореја најави дека може да продолжи со нуклеарни и ракетни тестови.

– Генералниот секретар се надева дека пробите нема да продолжат во согласност со релевантните резолуции на Советот за безбедност. Неширењето останува столб на глобалната нуклеарна безбедност и мора да се зачува – соопшти портпаролот, Стефан Дижарик.

Тој истакна дека дипломатскиот ангажман е единствениот пат кон одржлив мир.