Свет 07. јуни 2018. / 19:22

Севернокореец се забил во капијата на амбасадата на САД

Севернокореец се забил во капијата на амбасадата на САД

Возило се забило во капијата на американската амбасада во Јужна Кореја.

Неофицијално се наведува дека возачот би можел да биде државјанин на Северна Кореја.

Како што пренесува Дејли меил, според досега непотврдените информации, возачот е бегалец од Северна Кореја, кој наверојатно сакал да добие азил во САД.

Според сликите, може да се види сив автомобил, на кој му е оштетен предниот дел.

Јужнокорејската новинска агенција Јонап известува дека во тој инцидент најмалку едно лице е повредено.

Нема индиции дека станува збор за терористички напад.