Свет 04. август 2018. / 14:17

Северна Кореја решена да го исполни ветеното од договорот со САД

Северна Кореја решена да го исполни ветеното од договорот со САД

Министерот за надворешни работи на Северна Кореја денеска изјави дека е се позагрижен од односот на САД кон неговата земја, но изрази цврста решеност за спроведување на на она што беше договорено со Вашингтон во јуни.

САД и Северна Кореја на состанокот на лидерите во Сингапур во јуни се договорија за ставање крај на нуклеарната програма на Пјонгјанг и за склучување мир на Корејскиот Полуостров.

– Северна Кореја е цврста во својата решеност и посветеност за спроведување на заедничката изјава на Северна Кореја и САД на одговорен и совесен начи”, изјави Ри Јонг Хо.

– Она што е алармантна, се упорните обиди во САД за враќање кон поранешната ситуација, спротивно на намерите на нивниот лидер, додаде тој.