Свет 30. март 2020. / 10:52

Северна Кореја потврди „успешен“ тест на ракета, четврти за еден месец

Северна Кореја потврди „успешен“ тест на ракета, четврти за еден месец

Северна Кореја тестираше голем повеќекратен ракетен фрлач за да ги провери неговите тактички и технички карактеристики, соопшти денеска севернокорејскиот весник „Родонг Синмун“. Се нагласува дека тестот бил успешен.

Јужнокорејскиот Генералштаб соопшти дека Пјонгјанг лансирал две балистички ракети со кус дострел од источниот град Вонсан и тие летале 410 километри пред да паднат во морето, пренесува Би Би Си.

-Во ситуација кога цел свет се бори против Ковид-19, ваков вид воени вежби се многу несоодветно и повикуваме тие да бидат запрени, се наведува во соопштението од јужнокорејскиот Генералштаб.

Тоа е четврт пат месецов Северна Кореја да лансира ракети – на 2, 9 и 21 март, беа претходните тестови.