Севернокорејскиот амбасадор во ОН, Ким Сонг, изјави дека денуклеаризацијата не е на преговарачка маса со САД и за тоа не се потребни долги преговори со Вашингтон.
– Веќе не се потребни долги преговори со САД, бидејќи денуклеаризацијата веќе не се наоѓа на дневен ред на разговорите – истакна Сонг.
Амбасадорот на Северна Кореја оцени и дека „суштинскиот“ дијалог што го бараат САД претставува „само трик“ за да се добие на време, што е согласно американската политичка агенда.