Северна Кореја, која тврди дека од почетокот на пандемијата, нема регистрирано ниту еден случај на заразени со корона вирус, побара вакцини против Ковид-19 преку Глобалниот сојуз за вакцини (ГАВИ).
Официјален Пјонгјанг, минатата година, кога корона вирусот почна да се шири ширум светот, веднаш ги затвори границите и забрани меѓународни патувања. Од тогаш во земјата се тестирани стотици илјади луѓе, но официјално не е потврден ниту еден позитивен случај.
Сепак, весникот „South China Morning post“ во март 2020 година пишуваше дека околу 200 севернокорејски војници починале од последици предизвикани од Ковид-19, како и дека неколку илјади луѓе се ставени во карантин.
Исто така, претседателот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун се вакцинираше против корона вирусот на почетокот од декември минатата година.