Свет 24. јануари 2020. / 11:31

Северна Кореја назначи пензиониран полковник за нов шеф на дипломатијата

Северна Кореја назначи пензиониран полковник за нов шеф на дипломатијата

Поранешниот висок офицер на армијата, пензионираниот полковник Ри Сон-гвон, кој има мало искуство во преговорите со САД, е назначен за нов шеф на севернокорејската дипломатија. Како што наведуваат медиумите на Корејскиот полуостровќе, назначувањето на Ри може да значи дека Пјонгјанг ќе заземе поцврст став во разговорите за нуклеарното оружје.

Корејските медиуми јавија дека новиот прв дипломат на Северна Кореја веќе го организирал првиот прием за странските дипломати во Пјонгјанг.

– Во својот говор на тој прием другарот Ри Сон-гвон кажа дека корејскиот народ во општата офанзива ги пробил пречките за напредокот на социјалистичкиот развој преку самоопределување и јавно ги изнесе надворешно-политичките ставови на севернокорејската Влада – наведе севернокорејската агенција КЦНА.

Како воен офицер, Ри го водел владиното тело за односи со Јужна Кореја, со која водел разговори во изминатите 15 години. Сепак, тој нема  никакво искуство во преговорите со САД.

Како што наведуваат медиумите, Во Јужна Кореја Ри  е познат по грубите забелешки кон јужнокорејскиот бизнисмен кој во септември 2018 година го посети Пјонгјанг.

Се уште не е позната судбината на неговиот претходник, Ри Јонг-хо, дипломатот од кариера кој беше сменет од функцијата, а чие име државната агенција КЦНА последен пат го спомена во своите извештаи во август минатата година.