Северна Кореја и САД би можеле да одржат уште еден круг преговори кон средината на ноември, за да го забрзаат напредокот пред истекот на рокот до крајот на годината, што го одреди Пјонгјанг, најави јужнокорејскиот пратеник Ли Еун-Џaе.
Севернокорејските и американските официјални претставници се состанаа во Стокхолм минатиот месец, првпат откако американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун се согласија во јуни повторно да почнат преговори за денуклеаризација.
– Се очекува двете страни да се состанат најдоцна до почетокот на декември за да ги започнат преговорите пред истекување на рокот до крајот на годината, кој го одреди севернокорејскиот лидер – изјави Ли по брифингот на Националната разузнавачка служба (НОС).
Тој рече дека НОС очекува преговорите да продолжат овој месец или најдоцна до почетокот на декември.
Амбасадата на САД во Сеул засега не одговори на барањето за коментар.