Свет 24. јули 2018. / 09:44

Северна Кореа почна со демонтирање на рампите за лансирање нуклеарни проектили

Северна Кореа почна со демонтирање на рампите за лансирање нуклеарни проектили

Северна Кореја почна да ја демонтира локацијата од која лансираше ракети, а која се наоша во северозападниот дел на земјата, јави Би-Би-Си. На сателитските снимки од Сохае станицата, се гледа дека Северна Кореја најверојатно почнала со демонтажата, како што и вети во јуни, по средбата на американскиот и севернокорејскиот претседател Доналд Трамп и Ким Џонг-ун.

На средбата во Сингапур, Трамп и Ким се договорија Северна Кореја да почне со денуклеаризација, но според неодамнешните извештаи на американските разузнавачки служби, можно е Пјонгјанг тајно да продолжува со својата програма на вооружување. Според тие извештаи, Северна Кореја ја надградува локацијата за нуклеарно вооружување во Јонгбјон и го забрзува збогатувањето на други тајни локации.