Свет 24. август 2020. / 16:00

Сеул воведе обврска за носење заштитни маски во јавност

Сеул воведе обврска за носење заштитни маски во јавност

Првпат од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот, Сеул воведе обврска за носење заштитни маски во јавност, како во затворен простор, така и на отворено, поради зголемениот број новозаразени, што на ниво на цела Јужна Кореја веќе 11. ден е изразено во трицифрен број.

Во мај, градските власти во Сеул наложија задолжително носењето маски во јавниот превоз и такси возилата, што беше случај досега.

Како што јавуваат агенциите, бројот на нови случаи на Ковид-19 вчера бил 266, од кои повеќето се жители на градското подрачје на Сеул, но има заразени и во други големи градови, како Бусан, Теџон и Сеџон.

Заразата се шири во сите 17 региони низ Јужна Кореја, што доведе до построги мерки на социјално дистанцирање во сите делови на земјата.