Свет 08. април 2018. / 13:28

Сергеј Скрипал и неговата ќерка ќе добијат нов идентитет во САД?

Сергеј Скрипал и неговата ќерка ќе добијат нов идентитет во САД?

Поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои настрадаа при обид за труење во почетокот на март во англискиот град Солзбери, британските власти за нив се подготвени да им понудат нов идентитет.

Идејата била да се заштитат од идни можни обиди за убиство, пишува, „Сандеј тајмс“, цитиран од „Ројтерс“.

Според британскиот весник луѓе од британското разузнавање МИ6 разговарале за можноста да им бидат понудени нови идентитети“, вели неименуван извор, цитиран од весникот.

„Очигледно најсоодветно место за селидба се САД, бидејќи таму има помала веројатност да бидат убиени и е полесно да ги заштитиме таму под нов идентитет“, вели извор од разузнавањето, запознат со преговорите.

Вчера, британските власти соопштија дека Сергеј Скрипал излегол од кома и дека заедно со неговата ќерка Јулија, брзо се опоравуваат.