Свет 21. септември 2018. / 09:19

Сергеј Лавров денеска престојува во посета на БиХ

Сергеј Лавров денеска престојува во посета на БиХ

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров денеска престојува во посета на БиХ, за време на која ќе отпатува во Сараево и Бања Лука.

Според најавата, тој денеска ќе се сретне со претставниците на Претседателството на БиХ, а потоа и со министерот за надворешни работи на БиХ Игор Црнадак.

Попладне, се очекува Лавров да пристигне во Бања Лука, каде ќе го посети местото каде се гради српско-руски центар, а потоа ќе се сретне со претседателот на РС Милорад Додик, премиерката Жељка Цвијановиќ и претседателот на Парламентот на РС Недељко Чубриловиќ.