Свет 03. мај 2018. / 15:56

Сергеј Лавров: Да се прошири Советот за безбедност на Обединети нации со претставници од земјите во развој

Сергеј Лавров: Да се прошири Советот за безбедност на Обединети нации со претставници од земјите во развој

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска предложи да се прошири Советот за безбедност на Обединети нации со претставници од земјите во развој од Африка, од Азија и од Јужна Америка.

Тој додаде дека актуелниот состав на СБ не е во согласност со реалниот баланс на моќ во светот.

– Се согласувам дека сегашниот состав на најважното тело (СБ) не го одразува реалниот однос на светските сили, истакна Лавров.

Тој додаде дека Индија и Бразил се најверојатни земји кои би пристапиле кон СБ на ОН.