Свет 06. јуни 2018. / 10:27

Сенатот изгласа доверба на новата италијанска влада

Сенатот изгласа доверба на новата италијанска влада

На коалицијата на популистичкото движење Пет ѕвезди и екстремно десничарската Лига синоќа ѝ е изгласана доверба во горниот дом на италијанскиот парламент, Сенатот, што е прв чекор во формирањето на прва популистичка влада во Западна Европа.

Тој политички сојуз освои гласови на 171 сенатор, 116 биле против, а 25 биле воздржани, пренесе АП.

Сенатот, во кој движењето Пет ѕвезди и Лига имаат мнозинство, денеска ќе гласаат за нова влада.

Новиот италијански премиер Џузепе Конте во вчерашното обраќање до сенаторите изјави дека европската имиграциска политика е „неуспешна“ и побара нови имиграциски преговори во ЕУ.

Претставувајќи ја агендата на својата популистичка „влада за промена“ воочи гласањето за доверба, Конте предупреди дека Владата на Италија планира повторно да преговара за фискалната политика со ЕУ, иако ги убедувал партнерите дека „нема да се разговара“ за напуштање на еврото.