Свет 11. мај 2018. / 09:49

Семејството мислело дека е мртва, ја пронашле по 10 години во играчница

Семејството мислело дека е мртва, ја пронашле по 10 години во играчница

Речиси и да нема човек кој како дете не влегол во фазата на бегање од дома, особено во пубертет, која постои чувството дека „никој не ве сака“ и дека родителите се постојано против вас.

Сепак, дури и доколку се случи некое бегање кое вообичаено би траело еден или два дена,, едно е сигурно никој не би избегал од дома на 10 години и тоа во друг град.

Токму толку време поминало откако Ксиао Лун избегала од својот роден град во Кина, а до моментот кога сосема случајно била пронајдена и бил утврден нејзиниот идентитет. Ксиао од родната куќа избегала во 2005 година кога имала 14 години, откако претходно жестоко се расправала со својата мајка.

Бидејќи со години никој не знаел ништо за неа, многумина сметале дека се случило најлошото, односно дека Ксиао некаде и на некаков начин умрела.

Таа сепак била жива, иако не живеела најдобар живот. Неа сосема случајно успеале да ја пронајдат во 2015 година, во голем град во близина на местото каде живеела. Кога ја пронашле била 24 годишна девојка.

Случајно била сопрена од полициски службеник за рутинска контрола, бидејќи живеела како бездомник, по што било утврдено дека има лажни документи. По проверка на идентитетот било утврдено дека е всушност девојка која исчезнала пред 10 години.

На испитувањето во полиција таа рекла дека сите овие години живеела по разни PC играчници и интернет кафулиња, а своите основни потреби ги задоволувала најчесто на начин што работела основни работи во играчниците или живеела од остатоци од храна кои луѓето таму ја оставале.

Главна занимација целиот период и било он-лајн играњето на видео игри. Била во состојба да помине и десетина часа седејќи и играјќи целосно изолирана, без храна или било што друго. Омилена игра и била „CrossFire“, кинеска верзија на популарната „Counter-Strike“.

Кога ја пронашол полицаецот, најпрво одбила да се сретне со своите родители, но подоцна сепак прифатила, по што следувала емотивна средба меѓу мајката и ќерката.