Свет 27. мај 2020. / 20:45

Секторот за забава на светско ниво губи 160 милијарди долари поради пандемијата

Секторот за забава на светско ниво губи 160 милијарди долари поради пандемијата

Според податоците на компанијата „Ампер Анализис“, што се занимава со анализа на пазарот, глобалниот сектор за забава ќе изгуби раст од 160 милијарди долари (146 милијарди евра) во наредните пет години, како резултат на кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

Иако најголемото влијание ќе се почувствува во текот на оваа и следната година, растот ќе се намалува секоја година во текот на петгодишниот прогнозен период, наведува „Ампер“ во анализата објавена на нивната веб-страница.

Иако огромното мнозинство во секторот за забавна индустрија ќе ги почувствува негативните ефекти од пандемијата, „Ампер“ ги идентификува најголемите губитници.

Рекламирањето е најтешко погодено, како на краток рок така и воопшто, но анализите на секторот за забава покажуваат дека области како што е театарот се пропорционално посериозно погодени – наведуваат од компанијата.