Свет 13. април 2018. / 15:11

Секс скандал во комисијата која ги избира добитниците на Нобелова награда 

Секс скандал во комисијата која ги избира добитниците на Нобелова награда 

Обвиненијата за сексуален напад и вознемирување изнесени се против Жан-Клод Арнаулт, сопруг на членката на Академијата Катарина Фростенсон, која, исто така, се повлече.

Шефицата на Шведската академија на науките, која ги избира добитниците на Нобелова награда за книжевност, поднесе оставка на таа позиција поради критиките во врска со начинот на истрагата за сексуалниот скандал на мажот кој е венчан со една од членките на Академијата, пренесе „Ројтерс“.