Свет 13. април 2018. / 15:54

Секс скандал се заканува дека ќе го наруши имиџот на Нобеловата награда

Секс скандал се заканува дека ќе го наруши имиџот на Нобеловата награда

Членка на Академијата на науки на Шведска, која учествува во изборот на добитникот на нобелова награда за книжевност, поднела оставка од својата позиција поради критиката во врска со начинот на истрага за сексуалниот скандал со маж кој е оженет за една од членките на академијата, пренесува Ројтерс.

Набрзо потоа, Академијата објави дека таа членка одлучила да ја напушти позицијата, а други три членови се повлекле од своите позиции уште пред една седмица.

-Желба на Академијата беше да ја напуштам позоцијата на постојан секретар и тоа го направив- соопшти Сара Даниус која е на таа позиција од 2015 година.

Скандалот сможе да го наруши имиџот на Академијата и Нобеловата награда.

Обивнувања за сексуален напад и вознемирување се изнесени против Жан Клод Арнаулт, чија сопруга е Катарина Фростенсон која исто така се повлекла од својата позиција.

Обвинетиот негира дека сторил такво дело, а обвинителството веќе има покренато истрага.