Агенцијата за статистика на Шведска соопшти дека секој нејзин жител минатата година заработил во просек по 26.581 евра. Сепак, како што покажува статистиката, приходот значително варира помеѓу градовите во таа земја.
Во соопштението на Агенцијата се вели дека најголема плата е забележана во Дандерид, предградие на Стокхолм, каде што лани граѓаните заработувале во просек 35.547 евра.
На врвот на списокот се предградијата Таби, Лома, Нака, Никварн и Лидидо, повеќето во близина на главниот град Стокхолм.
Најниски годишни приходи се забележани во Хапаранди, Љуснарсберг, Арјанг и Ед.
Во соопштението, исто така, се покажува и фактот дека мажите се уште заработуваат многу повеќе од жените, иако тој јаз во приходите полека се стеснува.