Свет 18. декември 2020. / 14:47

Секој петти затвореник во САД е заразен со Ковид 19

Секој петти затвореник во САД е заразен со Ковид 19

Секој петти затвореник во затворите во САД е заразен со коронавирус, што е за четири пати поголема стапка на зараза од онаа кај од останатата популација.

Во некои земји, дури половина од затворениците се заразени, според податоците на агенцијата АП и Маршаловиот проект.

Пандемијата влегува во десеттиот месец и првите Американци постепено ја примаат вакцината, но ширењето на вирусот зад решетки не покажува знаци на смирување. Досега се заразени најмалку 275.000 затвореници, а повеќе од 1.700 починале како резултат на инфекцијата.