Невработеноста во Австрија, како резултат на коронакризата, постојано расте и во моментов вкупно 533.512 лица се пријавени како невработени во Службата за вработување (АМС). Во споредба со истиот период минатата година, тоа е плус 112.596 невработени.
Особено беше погоден туристичкиот сектор, каде што во моментов се пријавени околу 73.000 работни места во АМС, што е за околу 40.000 повеќе отколку во истиот период минатата година.
Покрај тоа, 440.384 лица се пријавени на скратено работно време, што е за 25.611 повеќе од минатата недела.
Секој петти Австриец има финансиски проблеми. Пандемијата на коронавирусот и кризата предизвикана од неа во Австрија како и во многу други земји се забележува и на финансиски план.
Според истражувањето на ИНГ банка, секој петти Австриец вели дека има финансиски проблеми. Просекот на ЕУ е дека секој четврти испитаник тврди дека имал финансиски проблеми од почетокот на пандемијата. Во Австрија, 24 проценти од граѓаните изјавија дека очекуваат понатамошни финансиски проблеми, што е за шест проценти помалку од просекот на ЕУ. Социјалните експерти предупредуваат дека пандемијата им се заканува на егзистенцијата на многу луѓе кои сега се изложени на ризик од сиромаштија.