Свет 27. август 2018. / 12:55

Секој ден се откриваат нови трупови – монсуните направија пустош во Јужна Азија

Секој ден се откриваат нови трупови – монсуните направија пустош во Јужна Азија

Повеќе од 1.200 луѓе загинаа во монсунските бури во Јужна Азија од почетокот на годината. Монсунсите, кои траат од јуни до септември, секоја година оставаат пустош зад себе и голем број жртви низ Јужна Азија, а индиската држава Керала е погодена од најлошите поплави во последните 100 години.

Во Керала загинаа 445 луѓе, а сè повеќе и повеќе тела се откриваат секој ден. Поради поплавите, повеќе од еден милион луѓе бараа засолниште во привремените кампови, додека 15 лица беа исчезнати.

Во соседнатa држава Карнатака загинале повеќе од 160 луѓе, во Утар Прадеш 200 и во Западен Бенгал 195, според АФП.

Монсуните, исто така, го погодија Непал, каде што од јуни загинаа 87 луѓе. Во Шри Ланка беа евакуирани 750.000 луѓе, а загинаа 24 лица. Во Бангладеш најмалку 29 лица загинаа во поплави и лизгање на земјиштето.