Свет 31. октомври 2018. / 10:25

Седуммина мртви во бомбашки напад во Кабул

Седуммина мртви во бомбашки напад во Кабул

Најмалку седум лица загинаа во денешниот напад на бомбаш-самоубиец на автобус со владини службеници во Кабул.

Нападот е изведен во близина на најголемиот затвор во авганистанскиот главен град Кабул, а напаѓачот го детонирал експлозивот покрај автобус со вработени во затворот.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, кој се случува еден ден откако бомбаш-самоубиец се разнесе близу влезот на авганистанската независна изборна комисија, при што едно лица загина, а петмина беа повредени.