Седум тинејџери беа повредени во престрелката што се случи во Бирмингем во американската држава Алабама, објавија американските медиуми.
Фокс њуз објави дека шестмина тинејџери биле повредени, еден од нив е во животна опасност, а седмиот повреден тинејџер, наводно, го повредил коленото.
Портпаролот на полицијата во Бирмингем, Џони Вилијам, изјави дека полицијата ќе продолжи со истрагата, која е во тек, за да утврди кој е одговорен за ранувањето.