Свет 18. јануари 2020. / 15:58

Седум лица исчезнаа во лавина во Непал

Седум лица исчезнаа во лавина во Непал

Најмалку четири Јужнокорејци и тројца непалски водичи се пријавени за исчезнати откако лавина ја погоди популарната патека на планината Анапура во Непал.

Непалските власти соопштија дека досега се спасени 30 планинари и се работи на спасување на останатите, но временските услови не се погодни за спасувачката операција.

Јужнокорејското Министерство за надворешни работи соопшти дека лавината се случила на надморска височина од 3.230 метри и дека се исчезнати четворица наставници кои волонтерски работеле во Непал.