Осум луѓе со висока температура и симптоми на акутна респираторна вирусна инфекција биле пренесени од хотел во северна Москва во болница.
Според првичните податоци, сите осум се кинески државјани, пренесува ТАСС, повикувајќи се на неименуван извор од „медицински кругови“.
Извор на агенцијата соопштува дека заболените пристигнале во Москва пред неколку дена, заедно со уште 20 други лица.