Свет 09. јануари 2021. / 17:04

Седум бродови трагаат по урнатиот авион близу Индонезија

Седум бродови трагаат по урнатиот авион близу Индонезија

Седум патролни бродови на морнарицата и крајбрежната стража на Индонезија пристигнаа на местото на несреќата на патничкиот авион „Сривиџаја ер“ во Јаванското море, кој се урна порано денеска. Ова се наведува во објавата на индонезиското Министерство за транспорт.

– Бродовите се во областа и ќе започнат со пребарување на остатоците, се вели во соопштението.

Според Министерството за транспорт, Боинг 737-524 се срушил во близина на малиот остров Лаки.

Ројтерс, повикувајќи се на претставник на индонезиската морнарица, соопшти дека морнарицата ги утврдила координатите на урнатиот авион на „Сривиџаја ер“ и така ги упатила сите бродови во областа на несреќата.

Досега е познато дека на бродот имало 65 лица: 53 патници и 12 членови на екипажот.

Авионот последен пат бил виден над Јаванското море во северниот дел на островот Јава. Боингот 737-524 летал од Џакарта кон градот Понтјанaк (административен центар на провинцијата Западен Калимантан).

Според сервисот FlightRadar, неколку минути по полетувањето авионот бил на посакуваната надморска височина, но по ознаката од 3,3 илјади метри нагло паднал за 3 илјади метри помалку во рамки на една минута. Сигналот бил изгубен четири минути по полетувањето.

Индонезиската национална агенција за пребарување и спасување соопшти дека постојат сомневања за остатоци од авион „Боинг“ крај брегот на Џакарта. Националната агенција за пребарување и спасување на Индонезија објави дека нема податоци за присуство на странски државјани на бродот. Авионот бил користен 26 години.