Најважните проблеми за Австрија како нов претседавач со ЕУ, е справувањето со Имигрантите и сочувувањео на границите меѓу државите.
Во Европскиот Парламент во Стразбур прва на ред беше дневната политика. Конкретно, на дневен ред беа реакциите на Австрија на согласноста што ја постигнаа германските партии на Унијата (ЦДУ и ЦСУ). „Доколку Германија посега по национални мерки, тогаш ние и останатите мора да реагираме“, рече кусо канцеларот Себастијан Курц, додавајќи дека очекува „јасна владина линија во Берлин“.
Австрија веќе вчера изутрина најави затворање на своите граници како реакција на можните германски мерки. Повеќе за таа тема Курц најави за подоцна во Виена, каде може да зборува како национален шеф на влада. Во Европскиот Парламент, како што вели, дошол за официјално да ги претстави темите на австриското претседателство со ЕУ.
Претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер, пак објасни дека ѝ дал задача на правната служба да ги провери германските мерки и дека „на прв поглед“ согласноста постигната во Берлин е во согласност со европското право.
„Европа која заштитува“
Но, да се вратиме на програмата на Курц за претседателството со ЕУ. Тој во моментов е најмлад премиер во ЕУ и во својот прв говор направи обид да се наврати и на историјата. „Австрија отсекогаш била проевропска“, рече тој. Тоа тешко може да го продаде, зашто неговиот коалиционен партнер ФПО бара сојузници пред се кај анти-Европејците во Италија и Франција.
Австрија го поздравува почетокот на преговори за приклучување со Македонија и Албанија и пледира за скорешен прием на сите држави од Западниот Балкан во ЕУ. Тука се разликува многу од францускиот претседател, кој не стреми кон брзо проширување. Во тој дел градењето мостови веројатно ќе оди тешко.