Европската Унија ќе биде комплетна тогаш кога кон заедницата ќе се приклучат и земјите од Западен Балкан, изјави денеска од седиштето на Европскиот Парламент во Стразбур, Австрискиот канцелар, Себастијан Курц.
Тој ги претстави приоритетите на Австриското претседателство со Унијата што Австрија го наследи од Бугарија, порачувајќи дека еден од трите приоритети ќе биде приближувањето на Западен Балкан кон ЕУ.
„Западен Балкан заслужува членство во ЕУ. Затоа ќе работиме најдобро што знаеме за да го поддржиме процесот на нивно пристапување во Унијата“, рече Курц.