Австрискиот канцелар Себастијан Курц побарал, по повод насилниот упад на повеќе од 600 мигранти во шпанската енклава Сеута, засилување на Фронтекс, кој би требало мигрантите да ги сопре уште на северот на Африка.
„Се додека не имаме функционална заштита на надворешните граници на ЕУ, постојано ќе има нови рути кои ќе се отвораат, како сега Шпанија“ – предупредил Курц во изјава за австриските медиуми.
Курц изјавил дека Австрија ќе побара промена на системот во европската политика спрема мигрантите и вистинска заштита на надворешните граници.
Според неговите зборови пред се неопходно е да се засили Фронтекс, што е најголем приоритет на австриското претседавање со ЕУ.