Свет 16. јули 2018. / 10:03

Себастијан Курц: Балканот во ЕУ, Турција надвор

Себастијан Курц: Балканот во ЕУ, Турција надвор

За Австрија, Западен Балкан е клучен приоритет, надворешни и европски политики, изјавил денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц. Тој се залага за итно прекинување на преговорите со Турција.

Во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“, Курц оценил дека обезбедувањето на искрени перпсективи и веродостојноста на патот кон ЕУ за земјите од Западен Балкан им оди во интерес на политичките, економските и безбедносните интереси на блокот.