Свет 01. јануари 2021. / 17:03

Се зголемуваат рестрикциите во Франција: Полицискиот час ќе почнува во 18 часот

Се зголемуваат рестрикциите во Франција: Полицискиот час ќе почнува во 18 часот

Ограниченото движење во 15 департмани на исток во Франција, наметнато поради пандемијата, ќе почне утре во 18 часот, наместо во 20 часот, како што беше досега. Тоа го објави владиниот портпарол Габриел Атал.

– Вирусот продолжува да се шири во Франција… нерамномерно меѓу регионите, изјави Аталус на ТВ ЕФ-1 и додаде дека списокот на департмани ќе биде ревидиран за една недела.

Тој зборуваше и за можен карантин.

– Ако ситуацијата се влоши, ние ќе ги донесеме потребните одлуки, рече тој во одговор на прашањето за можен нов карантин.

Вечерниот полициски час од 20 до 6 часот беше воведен низ цела Франција на 15 декември.