Бројот на загинати луѓе по пукањето на рударската брана во југоисточниот дел на Бразил се зголеми на 110 лица, изјави портпаролот на државната агенција за цивилна одбрана во Минас Жераис, Флавио Годињо.
Годињо додаде и дека 238 лица и натаму се водат за исчезнати, објави АП. Во тек е спасувачка акција, и потрага по исчезнатите.
Во несреќата која се случи пред неколку дена во југоисточниот дел на Бразил цел еден мал град беше прелиен со речна кал и рударски отпад.
По несреќата, властите издадоа налози за апсење пет лица за одговорност за несреќата предизвикана од пукањето на браната. Налозите за апсење беа издадени во Сао Пауло и Минас Жераис.