Околу 778.000 американски работници минатата недела се пријавиле за надомест за невработеност, бидејќи ненадејниот раст на случаи на коронавирус го попречува и го држи под притисок закрепнувањето на пазарот на трудот, соопшти денеска Министерството за труд на САД.
– Со новите невработени кои поднеле барање за државна помош, вкупниот број, според евиденцијата на Министерството, достигна околу 68,9 милиони луѓе, покажуваат сезонски усогласените податоци за ефектите од Ковид-19, што е приближно еднакво на населението на Тајланд, пренесува „Њујорк Пост“.
Бројот на новорегистрирани невработени се зголемува втора недела по ред, а веќе девет месеци по ред го надминува највисокото ниво од периодот пред пандемијата од 695.000 поднесени апликации.