Свет 13. May 2019. / 20:00

Се зголеми вредноста на Биткоинот

Се зголеми вредноста на Биткоинот

Вредноста на криптовалутата Биткоин на берзата “Битстемп” скокна за 1,1 отсто, односно на 7,056 долари, што е највисоко ниво од почетокот на август минатата година, пренесува Ројтерс.

Цената на Биткоинот се “катапултираше” за 14 отсто во саботата, што e втор најголем дневен скок на криптовалутата за оваа година.

Дејвид Томас од британската брокерска куќа за криптовалути “Глобал Блок”, вели дека минататонеделното пробивање на клучниот праг од 6.000 долари го разбуди интересот за биткоини меѓу инвеститорите.

Вредноста на биткоинот беше речиси двојно зголемен оваа година, откако минатата година загуби околу три четвртини од вредноста, поради воведувањето на построги регулативи ширум светот.