На 27 септември во сирискиот камп „Рукбан“ ќе почнат активности за раселување на бегалците, а активностите за негово затворање ќе траат во следните 30 дена, соопшти за ТАСС началникот на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни, генерал-мајор Андреј Бакин.
Оперативниот план на ОН и на сириската арапска Црвена полумесечина предвидува евакуација на останатите жители на кампот по групи: 3 до3,5 илјади луѓе во следните 30 дена од почетокот на операцијатра, рече Бакин на седницата на меѓуресорните штабови на Русија и на Сирија посветена на раселувањето на кампот „Рукбан“.
Во регионот Танфа на границата на Сирија и Јордан се наоѓа американска воена база. „Рукбан“, во кој се сместени околу 60.000 цивили, се наоѓа во зоната од 55 км околу базата.
Русија и Сирија повеќепати нагласуваа дека ситуацијата во кампот е катастрофална.