Свет 12. јануари 2019. / 19:33

Се запали автобус полн со хрватски средношколци во тунел

Се запали автобус полн со хрватски средношколци во тунел

Денеска во тунелот Шалберг на југот од Швајцарија се запали автобус, од за сега непозната патничка агенција во кој имало 52 патници со возачот и придружба.

Според неофицијални информации, во автобусот кој се запалил околу 13 часот се наоѓале средношколци од Сплит, а локалната полиција соопшти дека сите патници се неповредени и навреме евакуирани.

Средношколците се враќале од забавно-скијачки Нокаут фестивал на кој траел од 4 јануари до денеска.