Свет 18. јули 2019. / 21:20

Се вжештува ситуацијата: Иран зароби танкер полн три милиони литри нафта

Се вжештува ситуацијата: Иран зароби танкер полн три милиони литри нафта

Иранската национална гарда заробила танкер со милион литри нафта во Ормутскиот теснец кај Персискиот залив. Државната иранска телевизија објави дека танкерот бил странски и дека, како што се тврди, шверцувал нафта, пренесува Глас на Америка.

Според извештајот од телевизијата, танкерот бил пресретнат во неделата во реонот на теснецот, јужно од иранскиот остров Ларак, со екипаж од 12 луѓе.

Податоци за земјата од која потекнува танкерот, не се објавени.

Заробувањето доаѓа откако танкер, кој под знамето на Панама превезувал нафта од компанија од Обединетите Арапски Емирати, исчезна во ирански води на 14 јули.

Револуционерната гарда соопшти дека добиле повик за помош од бродот, за кого подоцна била издадена судска наредба да биде заробен. Според соопштението, ирански шверцери имале намера да достават нафта до странски купувачи.

Од САД ја осудија постапката на Иран.

Иран мора да престане со оваа противзаконска активност и веднаш да ги ослободи заробениот брод со екипажот – беше истакнато од американскиот Стејт департмент.

Ова дополнитело ќе ги заостри односите со САД.

Целиот текст можете да го погледнете ТУКА.