Во близина на просториите на амбасадите на САД и Египет во Багдад, главниот град на Ирак, се слушнаа три моќни експлозии, објавија медиумите.
АФП објави дека три гранати ја погодија утврдената „зелена зона”, каде што се наоѓа ирачката влада.
Ирачката армија објави дека гранатите погодиле напуштена локација, дека немало жртви и дека гранатите не предизвикале материјална штета.
Локалните медиуми објавија дека во близина на Американската амбасада се вклучиле сирени, а американските официјални претставници рекоа дека внимателно ги следат извештаите за потенцијална експлозија и дека персоналот на амбасадата презема мерки на претпазливост, пишува „Спутник“.
Нападот на уште неидентификуваните напаѓачи следеше по периодот на насилни протести во Басра.
Во средата, 5 септември, милитантните групи издадоа заедничко соопштение во кое се закануваат со напади на „локации од странски интереси” во Ирак.