Унгарија пред неколку дена стана првата земја-членка на ЕУ која започна имунизација со кинеската вакцина. Земјата, исто така, прва во Унијата ја набави и руската вакцина „Спутник V“
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, денеска се вакцинираше против коронавирусот со вакцината која ја разви кинеската компанија „Синофарм“.
„Вакциниран“, објави Орбан на својот фејсбук-профил, заедно со фотографии и видео од вакцинирањето.